Малите партии со султански манири трчаат во прегратката на големиот брат!

by Фокус

Секогаш кога се говори за крупни политички комбинаторики, главно се мисли на двете најсилни македонски и албански партии кои ја сочинуваат големата четворка – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Со тоа можеби неправедно се запоставуваат таканаречените мали политички субјекти, кои ја играат улогата на приврзоци или сателити на „големите“ партии.

Без разлика дали станува збор за минорни опции од крајната левица или десница, за граѓански ориентирани опции, или, пак, за партии на малцинствата, тие всушност се принудени да коалицираат со водечките политички структури.

Во спротивно, постои опасност нивните гласови на изборите да не бидат претставени во парламентот.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”