Македонија стана плодна почва за фашистички идеи!

by Фокус

Веќе подолго време сме сведоци на сè повеќе фашистички идеи, кои се сè погласни и погласни. Навивачките групи на спортските клубови, но и на репрезентацијата на Македонија, на спортските терени користат фашистички пароли.

Можете да чуете „Чиста Македонија“ или „Чисти албански територии“, во зависност од етничката припадност на навивачите. Се предлагаат гасни комори за своите сограѓани само поради различната етничка и верска припадност.

Почитувани, прашање е како се случи една држава, чиј најсветол историски момент е антифашистичката борба, врз чии темели е изградена оваа држава, да стане земја во која никнуваат фашистички идеи?

Сигурно не е дека од едно утро, така, сами од себе, без некоја причина, огромна маса граѓани почнаа да сонуваат за чисти етнички територии.

Политичките елити, посебно власта, во последните осум години,  преку системски приод ја создаваа таа плодна почва за фашистичките идеи.

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”