Колку крв е малку крв?

by Фокус

Како и да е, пак ќе има владина криза и наместо делумни нерегуларни избори, може да добиеме целосни, подеднакво нерегуларни избори. На оваа точка ќе се спојат политичката криза со етничките тензии. Наместо на училиште, каде и онака нема што вредно да научат, децата ќе ги видиме на улица!

Да! Максимално предавнички, сакам да ги држам очите отворени пред фактите и вистината, без оглед на тоа колку тие болат. Предавнички се моите постапки на претставување на реалноста таква каква што е, без оглед на тоа колку луѓе во гледалиштето се со затворени очи.

Неиздржливо предавничко е моето инсистирање на пронаоѓање на одговорноста таму каде што е, а никако на друго место. Јас сум суперпредавник и затоа што им се смеам в лице на тие што од толку многу лажење и лижење почнале да веруваат во тоа што го лажат и да уживаат во тоа што го лижат. Колку и да се валкани лагите и чизмите кои ропски снисходливо ги опслужуваат.

Пишува
Џабир ДЕРАЛА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”