Градилиштето Плаошник

by Фокус

„Стари Климент“, „Имарет“ и „Плаошник“ се три називи за иста локација. Еден од ридовите над стариот Охрид, над манастирот „Свети Јован Канео“, во моментов е претворен во градилиште со стотина работници. Охриѓани ги знаат трите имиња и не им пречи ниту едно во чаршиските муабети затоа што сите називи се како бележници за некое време и некаква цивилизација.

Со оглед дека тука со векови било просветителско место, пред сè, промовирано од свети Климент, кој имал илјадници ученици, историјата го запишала локалитетот како место кое му припаѓа нему. Потоа, шествековното османлиско владеење врз просторот го запаметило ридот како Имарет или Народна кујна.

Ако првите два назива се поврзуваат со дамнешни историско-цивилизациски епохи, третиот е произлезен од природата и од спектарот на бои. Имено, старите охриѓани се присетуваат дека пред погледот од ридот кон езерото се отворало широко пространство од плаветнило (синило). Токму сјајот на сината боја во водата се врежал во најкомерцијалното и најупотребувано име на локалитетот.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”