Ѓубрето во „Дрисла“ го „извалка“ и Коце Трајановски!?

by Фокус

Германската фирма „Шолц“, која по вторпат ја изгуби шансата да стане концесионер на депонијата „Дрисла“, најавува нова тужба пред домашните, а подоцна и пред меѓународните судови бидејќи градот Скопје пресече дека со сметот треба да се расправа италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“.

Додека се вртат нагаѓањата дали и зошто градоначалникот Трајановски навива за Италијанците, во целата приказна се вклучува и поранешниот јавен обвинител Љубомир Шврговски.

Тој, пак, ќе ги подготвува тужбите за клевета на Италијанците, кои, покрај добиената „валкана“ зделка (нели, за ѓубре станува збор), на суд сакаат да си ги вратат загубените чест и углед?!

Пишува:
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во бројот 948 од неделникот “Фокус”.