Фрли рипче, за да фатиш крапче

by Фокус

Никола Груевски покажа во изминативе години дека одлично знае кого, како и колку да го жртвува, или барем да глуми дека го жртвува за одредено време, со цел од тоа рипче што ќе го фрли да профитира со некое крапче што ќе се закачи на јадицата на макијавелизмот, која тој цврсто ја држи со двете раце, додека во гумени медиумско-пропагандни чизми има длабоко загазено во матната и надојдена река на корупцијата од која најголемите тендерски сомови се ловат.

Зошто во СДСМ им е толку тешко да сфатат дека без да го фрлиш рипчето, па макар тоа рипче се викало и Бранко Црвенковски, нема шанси да го фатиш крапчето, кое во случајов се вика „Доаѓање на власт“?

Затоа, додека чекаме Заев да научи како се ловат крупни риби, имено со откажување од ситните, рибарот Грујо ќе ја спасува Македонија со правење катадневни отстапки пред еден или друг фактор.

Крапчиња има сѐ помалку и затоа сѐ поголеми и покрупни рипчиња треба да се ставаат на јадицата за да се остане во игра. А кога ќе се потрошат сите рипчиња, и сите крапови ќе бидат уловени и депонирани на сигурно на офшор-сметки, рибарите ќе си заминат, оставајќи ги своите сегашни верни следбеници – со стапот во рака.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”