„Фридом хаус“ со шлаканица кон власта: Тактиките ви се мизерни!

by Фокус

Октомври 2009 година беше добар месец за Груевски. Тогаш „Репортери без граници“ нѐ пофалија дека имаме напредок во независноста на медиумите.

Премиерот се израдува, па веста ја објави дури и на веб-страницата на Владата. Но, кога паднавме за 89 места подолу, за власта и за провладините медиуми оваа организација стана „соросоидна“, а организацијата „Фридом хаус“ остана релевантна.

Е, годинава паднавме и во извештајот на „Фридом хаус“. Груевски веќе не е среќен, а провладините медиуми открија – и таа организација е на Сорос!

Меѓународните организации ни се чудат што е со Македонија и со Сорос. Па, така, за „Фокус“, заменик-претседателот за истражувања во „Фридом хаус“, Арч Пудингтон, недвосмислено изјавува: „Тврдењето на власта дека се крие нешто злобно во ’парите од Сорос‘ е мизерна и недолична тактика. Уште полошо е кога ваквите тврдења доаѓаат од претставници на медиумите!“

Пишува
Мери ЈОРДАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”