„Епопејата за Центар“ – ОСКУДАЦИЈА на морал

by Фокус

Кога еден убав ден во иднината ќе се изучува македонската транзиција, сосе сите валканици, приватизации ала грабизации, лоповлуци ала вмровлуци, централно место треба да си најде „Епопејата за Центар“. Преку оваа општина особено се разголува алчноста, безобразлукот, ароганцијата и будалштините на најмоќната, ама и најзабеганата транзициска врхушка – преродбеничката.

Е така беше и во времето на Тито. Сите се вработуваа, сите убаво живееја, ама дојде ден да се плати данокот на илузијата поткрепена со кредити. Па уследија шок-мерки. Мислев дека тоа е своевидно искуство за отрезнување. Ама, сум била во заблуда. Најкул графит во Белград по 1990-тите беше „И Бравар је крао, ама је и нама дао“! Ете, колку малку им треба на балканските народи. Груевци одлично го скенираа тоа!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”