„Фокус“ обезбеди информации од релевантни политички и дипломатски извори, која е целата вистина околу неуспешниот план за враќање на Никола Груевски, вклучително и за фамозната средба во претседателската вила на Водно.
На оваа средба, одржана лани во март, присуствувале Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Бујар Османи, Анџела Агелер и Дејвид Гир.
Притоа, Ахмети посочил дека Груевски може да се врати на 2 начина – преку помилување од претседателот или преку судовите.
Всушност, ова бил најсензитивниот дел на средбата, кој бил пробиен од страна на рамковно вработен административец.
Додека траеле „тајните“ разговори, ова лице влегло во кабина на преведувач, успеал да го сними разговорот со телефон и на крајот снимката му ја предава на Блерим Беџети, кој тогаш е дел од „огнената група“ во ДУИ.
На тој начин, содржината од аудиоснимката, претходно симната на хартија, завршува во раце на Христијан Мицкоски, бидејќи во тоа време „огнените“ се во конфликт со Груби, Османи, па и со Ахмети.
Откако Пендаровски одбива да го помилува Груевски, а Ковачевски на средба со Ентони Блинкен во САД вели дека без нивна помош не може да се истуркаат уставните измени, од амбасадата на САД излегува нон-пејпер, кој, меѓу другото, предвидува активирање делови од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако не бил конкретно споменат, очигледно се алудирало на Груевски, поради кој практично се донесени измените на Кривичниот законик, со цел да се охрабри да почне да дејствува уште од Будимпешта.
Меѓутоа, тој барал целосно чиста ситуација за да може да се врати во земјава по што ДУИ почнува да ја турка амнестијата на Ѓорге Иванов преку Врховниот суд.
Сепак, интегративците прават лоша проценка дека ќе придобијат доволен број врховни судии, па целата работа почнува да се компликува и да излегува од контрола и на крајот – операцијата пропаѓа. Своја улога за тоа имале и Зоран Заев и Виктор Орбан.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК