Државата пред сѐ!

by Фокус

Денеска, свечено изјавувам дека сѐ што сум напишал и кажал во изминатите години против власта – било погрешно. Еве и зошто:

Кога пред неколку години Премиерот и Владата ја започнаа реформата во областа на уметноста, многу кругови, дури и во самата Партија, ја сметаа таа интервенција за крајно револуционерна. Некои дури и не сакаа да разберат дека со неа се создаваат услови што одново ѝ даваат можност на уметноста да живее и да создава.

Денес, за сите нас, таа акција на прочистување ни се чини сосема природна. Не можеме дури ни да сфатиме колку имало потреба од неа.

Затоа, на оваа денешна средба, со покајнички тон, ќе се обидам да ви ја приближам суштината на делата кои ги креира политичката елита, со цел да изгради горда нација која, во спрега со уметниците, ќе создаде трајни и вечни дела и ќе креира голема и славна историја. И нели, државата пред сѐ!

Пишува
Џабир ДЕРАЛА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”