Дали синдикалното лидерство го смести Ставриќ во затвор?

by Фокус

Оштетениот пациент Ладо Кузмановски од Прилеп, во судницата тврдеше дека на средбата со доктор Ставриќ му ги носел документите и пари за да му помогне за добивање инвалидска пензија. Очниот хирург негираше.

Тој нагласи дека тие воопшто не разговарале за пензија, туку за оперативен зафат во поликлиниката каде што работи.

Уште нешто што фрла дамка на целиот случај е тоа што познатиот офталмолог во себе немал број на предмет за инвалидска пензија, ги немал документите на пациентот и неговата медицинска документација.

Па, како тогаш можел да посредува? Дента кога се сретнале, на Кузмановски веќе му било подготвено решението за инвалидска пензија, кое му било испратено вечерта на 6 мај, по полициската акција во која беше уапсен Ставриќ!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”