Фокус доби лускузно издание од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 15:32
15:32

Редакцијата на „Фокус“ попладнево доби посебен подарок – ни беше доставена програмата на ВМРО-ДПМНЕ, но не било која, туку испечатена во луксузно издание. Изданието за „обичните смртници“ е со црно-бели фотографии и со понеквалитетна хартија. Специјалното издание, пак, повеќе личи на енциклопедија отколку на програма на политичка партија. Со пластифицирани корици, слики во боја и квалитетна хартија, лица од партијата специјално дојдоа во редакцијата да ни го достават подарокот.

Кој ја печател програмата, останува нејасно. Никаде не е наведен издавачот, печатницата, лекторот.

Она што можевме да го забележиме при првиот поглед на програмата е дека дел од фотографиите се „сток“ комерцијални фотографии купени од веб страници специјално наменета за продажба на фотографии.

- Advertising -

Поврзани новости