Флаери низ Скопје – матурата е неморална и спротивна на Куранот

by fokus

Непознати лица во текот изминатата недела делеле флаери низ Скопје, на кои е напишано дека поради морални и верски причини, завршувањето на средното училиште не мора да се слави, односно дека матурата не е дозволена. На флаерите не пишува кој е авторот, објави „ТВ21“.

Граѓаните мислаат поинаку. Тоа што е напишано на флаерите им пречи и затоа искинале неколку од нив.

Според директорот на образовниот и научниот сектор при ИВЗ, Јусуф Зимери, нема ниту правна ниту верска основа да се забранат матурските прослави. Апелираат до властите, тие да се идентификуваат поради тоа што според него, истите делат и книги со верска содржина, пропагирајќи девијантни идеи.

Според МВР, слични флаери се поставувани и на крајот на минатогодишната учебна година. Според МВР, граѓаните го пријавиле случајот, но додаваат дека содржински, флаерите не промовираат меѓу-верска омраза.

 

Поврзани новости