Камчев, Јанакиески, Панделески и Божиновски е можно денес да излезат од притвор, Мијалков ќе почека

by fokus

Орце Камчев, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Цветан Панделески е можно денеска да излезат од притвор, бидејќи СЈО до надлежниот суд кој треба да одлучува, испратиле позитивно мислење, односно предлагаат притворот да им се замени со поблага мерка, како куќен притвор.

Засега Апелациониот суд не донел ниту една одлука по овие барања, но можно е тоа да се случи во текот на денот.

Оваа информација за “Фокус” официјално ја потврдуваат од СЈО, од каде што потенцираат дека за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, се уште не испратиле мислење, а останатите биле испратени вчера вечерта.

Од таму појаснуваат дека засега нема одлука од Апелациониот суд дали на некој од обвинетите и осомничените ќе им се укине мерката притвор.

СЈО деновиве ќе мора да испрати мислење и за Мијалков, кој поднесе гаранција од еден милион евра за да излезе од притвор. Оваа одлука ќе ја донесе Крвичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Валентина Вурмо

Поврзани новости