Андреј Лазаров (25) загина во трагедија во Кочани обидувајќи се да ги спаси животите на луѓето кои во тој момент биле во дискотека која била зафатена од пожар.
Фудбалерот кој настапуваше за Шкупи направи херојски чин, па на крајот им подлегна на повредите. Во негова чест македонскиот прволигаш Тиквеш реши да го повлече дресот со број 16, кој Лазаров го носеше додека беше дел од овој тим.
Лазаров за Тиквеш настапуваше од 2019 до 2023 година, а во соопштението на клубот се наведува следново:
– Во чест и благодарност на Андреј Лазаров, фудбалер и голем херој, кој со своите игри придонесе за успехот на клубот, дресот со број 16 што го носеше во Тиквеш веднаш се пензионира и ќе остане вечен спомен за него. Ангелите живеат вечно. Збогум Андреј – велат од клубот.