ЈУБИЛЕЈ 5 ГОДИНИ ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

by fokus

Фондот за иновации и технолошки развој е дефинитивно најактивната институција во последните три години.

Од таму се децидни дека во нашата држава има и креативни луѓе и добри идеи, а за претприемачкиот капацитет, кој толку многу ни недостигаше, сметаат дека полека, но сигурно се гради.

Во специјалниот прилог, посветен на јубилејот 5 години ФИТР, читајте како буџетот на оваа институција е зголемен за 40 пати, а со средства досега се опслужени повеќе од 500 компании, кои меѓу себе поделиле неколку десетици милиони евра.

Читајте и како ФИТР, кој беше маргинален во времето на претходната власт, за време на оваа, стана единствената институција, која реално почна да работи и доживеа процут во вистинската смисла.

Читајте како е остварено тоа.

Дали имаме кадар да го направиме тој напредок? Читајте за амбициозните најави за следните години и за желбата на раководството, Фондот да стане финансиски независен од државата.

И, навистина, ако пред пет години (во ерата кога државна помош можеа да добијат само странските компании), да им кажеше некој на домашните бизнисмени дека ќе се формира институција, која ревносно ќе се бори и ќе се грижи за нивните потреби – веројатно никој немаше да поверува во тоа.

Но, ете, денес тој сон е реалност и навистина во ФИТР постои одбрана група ентузијасти со голем професионализам, кои прават сè што е во нивна моќ за да им го олеснат животот на домашните мини, микро, средни, но и на големите компании.

КЛИКНИ И ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ