Фити: Нашите сугестии до Владата се да не се менува формулацијата на македонскиот јазик

by fokus 11:00
11:00

Македонскиот јазик e  одамна кодифициран, постои, тој не може да исчезне, тоа е вековна традиција.  Во тој контекст посебно битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет особено ова што го зборуваме ние, научна обработка и разработка и негово проучување, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници.

Ова денеска го истакна претседателот на Македониската академија на науките и уметностите Таки Фити пред почетокот на Меѓународната научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“.

- Advertisements -

Што се однесува со проблемот со името, Фити посочи дека македонскиот јазик мора да биде евидентиран онака како што е евидентиран и во Обединетите нации „Macedonian“.

-Не можеме ние да прифатиме, и тоа е став на МАНУ, кога се зборува за јазикот на земјата да се пишува на латиница и да се изговара онака како што ние го изговараме македонски. Тој мора во ОН да биде формулиран како „Macedonian language“. Тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и тука нашите сугестии до Владата се апсолутно јасни и цврсти, додаде Фити.

Поврзани новости