Фити: Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација

by fokus

Претседателот на МАНУ, Таки Фити во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека не смее да се прифати име за севкупна употреба во преговорите со Грција.

-Ерга омнес, односно за евкупнникако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација, рече Фити.

Тој објасни дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија, на пример.

Поврзани новости