Финансова полиција денеска на прес ќе информира за апсењето на Доневски

by fokus

На пладне се очекува Управата за финансиска полиција да одржи прес конференција на која ќе информира предистражната постапка во која вчера беше уапсен поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски. Најавено е на прес конференцијата да се обрати директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.

Според неофицијални информации Доневски се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување. Со предистражната постапка се опфатени повеќе лица.

Доневски беше разрешен од новата Влада во јули годинава и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.

Поврзани новости