ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА 2019 ГОДИНА

by fokus

Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше
во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во
Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2019 година, при што во
текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и
пазарни услови на стопанисување.

Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година, преку своето редовно
оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход
пред исправките на вредност во износ од 184,4 милиони денари, како резултат на
остварените оперативни приходи во износ од 511,7 милиони денари и остварените
оперативни трошоци во износ од 327,3 милиони денари. Во истиот период, исправката
на вредноста на финансиските и нефинансиските средства на нето-основа изнесува
63,5 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – декември 2019 година е
позитивен и изнесува 108,4 милиони денари. Применувајќи го одржливиот,
ефикасен и компетитивен деловен модел во услови на силна конкуренција и
динамичен пазар, Банката оствари раст на нето-добивката од 7% со што Банката ја
потврди својата успешност и ја заврши годината со најдобар финансиски резултат
досега.

 Известување за промени во сметководствените политики и методите на
вреднување
Заклучно со 31.12.2019 година, нема промени во сметководствените политики и
методите на вреднување.
 Финансиски остварувања на Банката
Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во
формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нетоприходи од камати во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година изнесуваат 268,1
милиони денари и бележат пад од 1% во однос на истиот период минатата година,
што главно произлегува од секторот финансиски институции и банки, како и од
секторот стопанство. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 96,5% од
Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период
изнесуваат 139,4 милиони денари и се зголемени за 10,4% во однос на минатата
година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот
промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и
приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Нето-приходите од
провизии и надоместоци за услуги се остварени со 99,6% од планираните за овој
период.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 16,5 милиони денари и во однос на
минатата година бележат зголемување за 12,3 милиони денари, а се остварени со
315% од планираните за овој период.
Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 79,6 милиони
денари и се остварени со 94,9% од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 327,3
милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 2,1%, како резултат на
повисоки трошоци за плати и вработени, трошоци за надомести и трошоци за
амортизација и покрај пониските оперативни и материјални трошоци. Планот е
остварен со 96,0%.
Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските
средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа
изнесува 61,8 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и
квалитетот на пласманите на Банката. Загубата поради оштетување на
нефинансиските средства на нето-основа изнесува 1,7 милиони денари.

 Исплатени дивиденди
На Седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје, одржана
на 5.4.2019 година, беше донесена Одлуката за определување на износот на
дивидендата и датумите на исплата на дивидендата, со која се исплати дивиденда за
2018 година во бруто-износ од 95.328.240 денари или висината на бруто-дивидендата
по акција изнесува 105 денари односно 10,85% од номиналната вредност по акција.
 Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки
и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството
споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)
Материјалните средства (недвижности, постројки и опрема) се пониски за
3,2% во однос на 31.12.2018 година, што главно се должи на амортизацијата на
основните средства.

 Промени во кредитни задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми
од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски
извештаи)

Обврските по кредити во однос на декември 2018 година бележат
зголемување за 36,7% главно како резултат на краткорочни позајмици од пазар на
пари.

 Очекувања за претстојниот период
Во наредниот период Банката ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и
профитабилно оперативно работење. Растот на кредитната активност на Банката се
очекува да се реализира преку зголемување на уделот на работа со населението и
задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија. Потпирањето на
сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната
стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со
доминантно учество во вкупните извори на средства.
Во периодот што следува, Банката ќе продолжи со преземање интензивни
мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и подобрување на
квалитетот на кредитното портфолио и активностите поврзани со продажбата на
преземениот имот, коишто позитивно би влијаеле на финансискиот резултат на
Банката.

Поврзани новости