Финансиската полиција влезе на Клиниката за хематологија, сомнителна последната набавка на лек од 68.000 денари

by fokus

Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД), дознава НОВА. Цел на инспекторите  била последната набавка на лекот Мабтера, кој наместо директно од производителот, наводно бил донесен преку паралелен увоз.

Од Финасиската полиција за НОВА потврдија дека започнале истрага по пријава од пациенти дека лекот кој што го примаат е од паралелен увоз.

„ Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек.  Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали  имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци. Но, ова ќе потрае, сега сме на половина пат“, потврдија за НОВА од Финансиската полиција.

Станува збор за исклучително скап лек (една ампула чини 68 000 денари)  за кој имало постапка за интервента набавка бидејќи залихите се потрошиле. Нашите извори велат дека веледрогеријата добавувач учествувала со оригинаторен лек и решение за регистрација директно од производителот. Но, наместо од производителот,  лекот бил донесен преку паралелен увоз. Дополнително, наводно истата веледрогерија немала право ниту на тоа бидејќи решението за паралелен увоз им било истечено на 30 март.

Поврзани новости