Финансиска полиција не влегла во ИВЗ

by fokus

Управата за финансиска полиција во целост ги демантира објавените информации во одредени медиуми дека вчера од страна на овластени лица на Управата е извршен увид и контрола во просториите на Исламската верска заедница (ИВЗ).

-Управата за финансиска полиција нема преземено никакви дејствија и активности со цел контролирање на финансиското работење на ИВЗ, се наведува во соопштението.

Од Управата за финансиска полиција информираат дека денеска примиле писмена пријава со барање за финансиска контрола во ИВЗ. 

Поврзани новости