Финансиска полиција: Има одредени сознанија за Владиката Петар, но предметот е во предистражна постапка

by fokus 17:48
17:48

Управата за финансиска полиција во одговор до „Фокус“ во врска со денешното задржување на Владиката Петар на скопскиот аеродром вели дека има одредени сознанија и тој предмет е во предистражна постапка.

-Во врска со информациите околу денешните случувања со Владиката Петар Управата за финансиска полиција Ве информира дека има одредени сознанија, но бидејки се работи за предмет кој е во предистражна постапка не сме во можност да споделиме информации со јавноста. Кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а истите нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме. Ве молиме за разбирање, се вели во одговорот.

- Advertisements -

Претходно, Владика Петар во изјава за Фокус рече дека точно е дека бил задржан на аеродромот, но дека тоа било грешка и му се извиниле.

Поврзани новости