Филмско апсење на патарина: Дилерите дале гас да бегаат, полицијата им пукала во тркалата

by Fokus

Јавното обвинителство објави детали за вчерашното апсење на двајца дилери кое се извело на патарината на автопатот Гостивар-Тетово. Уапсените имале со себе 30кг марихуана спакувана во 25 пакувања во автомобилот. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, возачот на автомобилот дал гас, обидувајќи се да избега, при што удрил во полициско комбе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

„Тетовското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик“, велат од обвинителството.

Од таму побарале од судот да им одреди мерка притвор на двајцата осомничени.

Поврзани новости