Филков му врати на Милошоски: Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“ сѐ уште нема навика да одговара пред граѓаните, очигледно е неинформиран и изолиран

by Fokus

Министерот за правда има слаби перформанси, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Оценувајќи ја работата на министерот Игор Филков, кој е од редовите на владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата ЗНАМ – За Наша Македонија, Милошоски вечерва во Телма рече дека изнесува свој личен став.

На ова реагираше министерот за правда Игор Филков на изнесените наводи на Антонијо Милошоски. Ви ја пренесуваме во целост:

„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите!

И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!

 

Поврзани новости