Филипче жали за смртта на медицинската сестра од Охрид

by Fokus
Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи, изрази сочувство за смртта на медицинската сестра од Охрид, која ја изгуби битката со корона вирусот.
„Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид. Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата. Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик. Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници“, напиша Филипче.

Поврзани новости