Филипче: Заврши првата фаза од тендерот за изградба на новиот клинички центар

by Fokus 12:47
12:47

Заврши првата фаза од тендeрот за изградба на новиот клинички центaр во Скопје, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека се пријавиле определен број потенцијални партнери понудувачи и сега се прави нивна евалуација.

- Advertisements -

– По завршувањето на евалуацијата најверојатно во текот на следните две недели ќе почне втората фаза, а тоа е дијалогот. Колку ќе трае дијалогот зависи од тоа со колку понудувачи ќе се разговара, по што ќе следи и официјалното објавување на тендерската постапка, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентирањето на проект во рамки на кој од денеска 15 волонтери-водичи кои ги ангажира Црвениот крст ќе им помагаат на пациентите полесно да се снајдат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поврзани новости