Филипче: Заштитата на здравјето на граѓаните во изборниот процес беше на највисоко ниво

by fokus

Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво. Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи – покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој изразува голема благодарност и до сите медицински работници, членови на избирачките одбори, Комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите.

– Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно – со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите, напиша Филипче.

Поврзани новости