Филипче: Засега нема да има полициски час

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што рече, болничките капацитети се преоптеретени.

-Ова е тежок и комплексен период, да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да нема групирање на повеќе од четворица на јавните места. Капацитетите на болниците се преоптеретени, како и медицинскиот кадарот, рече Филипче.

Прашан за шпекулацијата за воведување на полициски час, министерот рече дека засега не се планира ваква мерка.

-Засега нема да има полициски час, односно доколку се почитува и новата мерка за забрана од групирање, нема да има потреба, рече Филипче.

Поврзани новости