Филипче: Заев една недела во изолација, сите кои имале контакт со лидерите не треба да се тестираат и изoлираат

by Frosina Fakova

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево го потврди негативниот тест на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Порача дека ќе биде во изолација уште една недела, со оглед на тоа што поминала една недела од контактот со заразениот новинар од Канал 5.

– Во однос на двајцата лидери, сите оние кои имале контакт со нив со оглед дека тестовите се негативни, не се во никаков ризик и не треба да се тестираат и да се изолираат, рече Филипче.

За коментарите за брзината на тестовите што беа направени, Филипче рече дека не станувало збор за политички приоритети, туку поради тоа што имаат интензивни контакти.

Поврзани новости