Филипче за Фокус: Немам закани по живот, но ќе имам обезбедување

by fokus 12:54
12:54

Поранешниот министер за здравствот, Венко Филипче ќе има лично обезбедување иако веќе не е министер за здравство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Фокус.

Како што објаснуваат од таму членови на владата може да имаат обезбедување и по престанокот на функцијата според направена безбедносна проценка.

-Обезбедувањето на личностите е регулирано со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување врз основа на која Министерството за внатрешни работи во рамките на својата надлежност презема мерки и активности за обезбедување на највисоките претставници на органите на државна власт.

Во контекст на наведеното, определени се мерки и активности за обезбедување на тогашниот министер за здравство Г.Венко Филипче.

Врз основа на член 6 став 3 од Уредбата, може да се определат мерки за обезбедување по престанокот на функцијата на членови на Владата на Република Северна Македонија. Г-динот Филипче во моментов има обезбедување од МВР, кое му е определено врз основа на безбедносна проценка, обајснуваат од МВР за Фокус.

Филипче за Фокус вели дека не е точно дека имал смртни закани, но потврдува дека ќе има обезбедување.

-Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци, вели Филипче за Фокус.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости