Филипче за барањето за оставка: Опозицијата да ја тргне политиката настрана од ова прашање и да не одмага

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата.

Тој денеска во Струмица ја повика опозицијата да ја тргне политиката настрана од борбата против пандемијата со Ковид-19.

Нагласи дека од почетокот на кризата целиот тим работи професионално и никогаш не се обиделе да внесат политиканство во било која од препораките и одлуките.

– Ги слушаме во јавноста предлозите што ги дава опозицијата и огромен дел од нив немаат никаква медицинска логика. Сакам да им порачам да ја држат политиката настрана од ова сериозно прашање. Имаа шанса да помогнат, но за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да се потпише заемот. Сега сите 16 ковид центри ни доцнат. Да не се слушеше тогаш таа блокада од тогашната заменичка министерка за финансии, сега сите ковид центри кќ беа инсталирани во целата држава, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Струмица.

Поврзани новости