Филипче: Во тек се подготовките за вакцинација во Модуларната болница, ќе се работи во две смени

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил информираше дека во тек се подготовките во Модуларната болница каде од среда треба да започне вакцинацијата против Ковид-19.

– Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, напиша Филипче на Фејсбук.

Првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија пристигна вчера во земјава. Кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, и лица постари од 70 години

Поврзани новости