Филипче: Во јануари или февруари би можеле да ги добиеме првите вакцини против Ковид-19

by fokus

Во првите месеци од наредната година би можеле да ги добиеме првите дози од вакцините против Ковид-19. Ова денеска го најави министерсот за здравство Венко Филипче.

– Според сегашната динамика на одвивање на работите во врска со вакцините против Ковид-19, очекувањата се дека во првите месеци на следната година, јануари или февруари, би можеле да ги добиеме првите дози, најави Филипче.

Тој појасни дека ние ги очекуваме вакцините преку ковакс-механизмот за што е потпишан договор со согласност на Владата и обезбеден е буџет.

-Ние ги очекуваме преку ковакс-механизмот, тоа значи дека секој еден производител, а овие две компании, „Астра Зенека“ и „Фајзер“ се дел од тој механизам, откако ќе ја добие дозволата за употреба, ги даваат дозите и тие еднакво се распоредуваат во земјите кои учествуваат во тој механизам. Секоја следна компанија која влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози. Да повторам дека имаме и две други понуди, една преку полскиот амбасадор во земјава, и една од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој на последната средба со премиерот Заев во Солун покажал добра волја и можност да бидеме дел и од нивната количина на набавка. Грција како земја-членка на ЕУ е обезбедена со директен договор со компанијата „Астра Зенека“,изјави Филипче.

Поврзани новости