Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција сподели најнови податоци поврзани со корона вирусот.
Тој потенцираше дека на Клиниката во Скопје се наоѓаат 8 пациенти, од кои првата која веќе е излечена, а во моментот се чека да пристигнат последните 4 заболени од дебар, меѓу кои и едно 15-годишно момче.
-Во овој момент ги чекаме на Клиника да пристигнат четворицата пациентите од Дебар. Дополнително се влоши состојбата на првата пациентка од Дебар која е ставена на машна за механичка вентилација, рече министерот Филипче.
Тој потенцираше дека од пациентите кои се на клиниката, една е од Скопје и седум од Дебар.
Исто така министерот Филипче потенцираше дека се тестираат нови седум лица од Дебар и еден странец. Дополнително за тест се пријавиле и двајца граѓани кои патувале во Шпанија, бидејќи се пријавиле со покачена температура.
Министерот рече дека во Дебар е мирно, нема некакви проблеми.
-Луѓето разбираат за што станува збор. Во болницата ќе се работи во една или две смени, а лекарите ќе бидат достапни и на повик. Итните случаи ќе се носат во Скопје и струга, рече Филипче.
Тој уште еднаш им порача на граѓаните да останат дома, а додаде и дека ќе се даде препорака да се затворат моловите, бидејќи таму најлесно би се шрел вирусот.