822
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на Фејсбук објави дека одлично поминал првиот ден од вакицнацијата во А1 арената Борис Трајковски.
-Во просек се вакцинираат околу 300 лица на час или околу 3000 дневно. Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок. Од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата, порача Филипче.