Филипче: Утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце!

by Fokus

Синоќа успешно заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија. Операцијата која почнала по полноќ е извршена на Клиниката за кардиохирургија. Младо момче го доби срцето на прерано починатата девојка во сообраќајна несреќа, чие семејство се согласи нејзините органи да бидат донирани.

-Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.
Горд сум на моите колеги, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

Posted by Венко Филипче on Saturday, 17 April 2021

Министерот вчера ја објави веста дека се бара пациент кој би можел да го добие срцето на несреќната девојка на која не можел да ѝ се спаси животот и рече дека ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.

Инаку првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

 

Поврзани новости