Филипче: Трансплантацијата е зрак на надеж за пациентите

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера уштествуваше на панел дискусија на тема „Органодарителство – состојба и предизвици“, за подигнување на јавната свест за дарување органи и развој на трансплантацијата во државава.

„Трансплантацијата е зрак на надeж за пациентите, нивните семејства и општеството. На 23 мај, во ек на пандемија со ковид-19 ја изведовме првата трансплантација на срце и испишавме историја во кардиохирургијата. Вчера, во организација на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска одржавме заедничка панел дискусија. Покрај претседателот и првата дама присуствуваа и Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и координаторите за трансплантација на сите тимови. Само преку отворен пристап, преку споделување на информации, како и со споделување на успешните приказни можеме да ја подигнеме свеста“, посочи Филипче.

Поврзани новости