Филипче: Состојбата по болниците се стабилизира, но подготвени сме за секое сценарио

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека состојбата по болниците се стабилизира, а во наредниот период очекува повеќе исписи од приеми на болни пациенти.

– Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат, рече министерот Филипче.

На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

– Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе дааавт резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи, изјави Филипче.

Поврзани новости