Филипче се сретна со семејството на Емилија Динева: Горд сум на ова семејство, спасија три човечки животи!

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска се сретнал со семејството на Емилија Динева, која почина, но нејзините бубрези и срце спасија три човечки животи.

-Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти.

Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа. Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, напиша Филипче на фејсбук.

Поврзани новости