Филипче се сретна со младите специјализанти кои работат во ковид центрите

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во ковид центрите во Клинички центар. На состанокот се разговарало за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.

– Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари во земја со трајно вработување – рече Филипче.

Тој најави дека разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.

Поврзани новости