Филипче: Се разгледува начинот за декласификација на документите за кинеските вакцини

by fokus 14:46
14:46

Го разгледуваме начинот за декласификација на документите за набавка на кинеските вакцини и во соодветна процедура тоа ќе се обзнани, наајави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на прашање дали ќе се декласифицираат документите за набавка на вакцините од „Синофарм“, по обвинувањата на опозицијата дека имало провизии.

-Мој впечаток во овие повеќе недели се две работи: дека опозицијата сама себе се фати во лага и дека се патолошки зависни од лажни вести,
рече Филипче.

- Advertisements -

Министерот посочи дека сите документи се објавени на јавни финансии и дека опозицијата се користи со клевети, кои како што рече не се контруктивни и целта им е да го поткопаат легитимитетот на држжата пред Кина и меѓународните фактори.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) вчера објави е при крај со предметот за набавката на вакцините против ковид-19 и има информации, но тие сѐ уште не се целосни.

Поврзани новости