Филипче: Се надевам дека нема повторно да ја затвориме државата

by Fokus

Северна Македонија веќе седум месеци се бори со заразата на корона вирусот, а секојдневните бројки не најавуваат поволни времиња. Бројката на зараени постојано е над 100 лица, а министерот Венко Филипче верува дека нема да има потреба да се воведуваат строги рестрикции и затворање на државата, како што тоа беше пред неколку месеци.

„Се надевам дека нема да се соочиме со затворање на државата. Засега нема таква најава. Првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки. Маските на отворено засега нема да се носат, но доаѓа сезонскиот грип, па луѓето ќе мора да се штитат, а и да се штитат и од загадувањето. Доколку се воведат рестриктивни мерки, тоа ќе бидат само за определени општини“, истакна Филипче.

Поврзани новости