Филипче: Рестрикцијата ќе го спречи ширењето на британскиот вид на вирусот меѓу младите кои се собираат навечер

by Fokus

Британскиот вид на корона вирусот зема се поголем замав во Македонија, а здравствените власти препорачаа полициски час со почеток од утре и би бил во траење од две седмици.

Причина за ваквата рестрикција се младите, кои се собираат навечер, а притоа не носат маски и се трансмитери на вирусот, смета министерот за здравство, Венко Филипче.

„Психолошки можеби влијае кај луѓето, но барам разбирање и поддршка. Сето ова е во интерес на заштита јавното здравје со цел овој бран на некој начин да го амортизираме. Целта е да се намали движењето во вечерните часови после затворањето на угостителските објекти. Сведоци сме дека младите се собираат и во вечерните часови на јавните површини, не се носат маските и очигледно е дека британскиот сој кој е се поприсутен кај нас – над 70% и очигледно го прави своето“, изјави во Утрински брифинг, министерот Филипче.

Поврзани новости