Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите без PSR тестови

by Fokus

Разговараме сите во регионот во еден момент да ги отвориме границите со една изедначена политика во однос на PSR тестовите. Идејата е да се отворат границите без PSR тестови, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот.

– Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заеднички став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашање по настанот на Здружението „Борка – за секој нов ден“ по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“.

 

Поврзани новости