Филипче: Првите вакцини можат да стигнат до крајот на месецот

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска пред медиумите објасни за колку вакцини Македонија аплицирала, и кога се очекува да пристигнат првите дози во нашата земја.

„Вчера стигна писмото од Ковакс механизмот, дека е можно да стигнат крајот на јануари почеток на февруари. Ние вчера аплициравме во однос на подготвеноста, и практично аплициравме да бидеме во првата група на земји, согласно подготвеноста на нашиот систем во однос на чувањето, дистрибуцијата и да бидеме во првата група кои би ги примиле вакцините. Крајниот рок е 18 јануари, тогаш сите земји според еволуацијата на СЗО може да аплицираат, и потоа останува да видиме кога би пристигнале“, рече Филипче кој додаде дека вакцините се од компанијата „Фајзер“, а следните од „АстраЗенека“.

Филипче потенцираше дека по 3 механизми, се очекуваа по 800 илјади вакцини, односно за 400 илјади граѓани, што ќе биде за 1,2 милиони граѓани.

„Очекуваме 833 илјади вакцини од Ковакс системот. Потоа 800 илјади директно од Фајзер, и 800 илјади од канцеларијата на Европската делегација, односно земјите од ЕУ ќе одвојат од своите колични за нашата земја. Тоа ќе биде доволно за вакцинација на 1,2 милиони граѓани, или 60% од населението, што ќе биде доволно за стекнување на имунитет“, вели министерот.

Поврзани новости