Филипче: Пациентите по своја волја заминуваат да се лекуваат во приватните болници

by Fokus

Откако ќе се изгласа Законот за здравствена заштита со измените и дополнувањата, пациентите во приватните болници кои се лекуваат од Ковид – 19, ако е комплексно лекувањето и долго трае, максималната сума што треба да ја плати е 300 илјади денари, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Станува збор за сума што пациентите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума пари. Ако треба ние да ги користиме како држава ресурсите на приватните болници, тогаш за тие ресурси не наплаќаме никаков надоместок кон приватните болници, а Фондот си ја презема услугата на плаќање. Таква ситуација засега нема, појасни Филипче по барање на новинарите откако денеска ја посети Арената „Борис Трајковски“ каде во тек е вакцинирањето против корона вирусот.

Според него, цените за лекување, кадарот и искористувањето на капацитетите на приватните болници доколку треба и се истрошат државните капацитети за лекување, се прашања во однос на лекувањето од КОВИД – 19 во приватните болници.

Поврзани новости