Филипче објави фотографии од новиот лик на Клинички центар: Да го чуваме уреден!

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар.

„Со нов лик, нови и проширени тротоари, зелени појаси и дрвореди, одвоени ленти за итна помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди, како и ново улично осветлување. Да го зачуваме Клинички уреден, сликите од минатото да не ни се повторуваат. Јавното здравје е заедничка одговорност – од нас зависи“, напиша Филипче.

Поврзани новости