Филипче: Немаме информација дали Сашо Мијалков контактирал со епидемиолози

by fokus

Немаме информација дали Сашо Мијалков контактирал со епидемиолози или претставници на ДСЗИ согласно неговата изјава, рече министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање за тврдењето на поранешниот директор на УБК дека не избегал туку во бил изолација поради симптоми на Коид-19.

Филипче денска на Табановце од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот „Таргет – Тврдина“ и од неделата беше недостапен за органите на прогонот, вчера се појави пред Јавното обвинителство за да го подигне решението за домашен притвор што му го одреди Кривичниот суд. Мијалков кажа дека не избегал, туку се повлекол во изолација поради здравствени причини – имал висока температура и симптоми на корона.

Поврзани новости