Пред една недела беше регистриран најголемиот број на случаи на дневно ниво, а од тогаш се намалува бројот, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Ова ни покажува дека мерките даваат резултат. Размислувавме и за дополнителни мерки, но сметаме дека нема потреба ништо друго да се препорачува. Полициски час по 21 часот ништо нема да донесе бидејќи е празно веќе и времето е студено, угостителските објекти се затворени, забрането е групирање во текот на цело деноноќие и останува како ризик собирите во домашни услови за што има препорака да не се организираат, истакна Филипче.

Тој нагласи дека дополнителни мерки засега не се планираат. По однос на ситуацијата во Прилеп, Филипче истакна дека за утре е договорена средба со градоначалникот на која детално ќе се евалуира состојбата.